Македонија
1. April 2019 - 10:14

Два пожари вчера, изгореа и 20 хектари борова шума

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ било пријавено дека над напуштената караула „Бајково“ повторно се активирал пожар и се ширел кон село Бајково на место викано „Оровица“. Се преземаат мерки за гасење на пожарот.

Истиот ден околу 13.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Старавина“ било пријавено дека настанал пожар во правец на село Полчиште, прилепско, во кој била опожарена нискостеблеста вегетација, густа трева и околу 20 хектари борова шума.

Биле известени Територијалната противпожарна единица-Прилеп и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.