Македонија
23. September 2020 - 12:22

Два месеци жителите на Велгошти трпат за вода

Велгошти одалечено 5 километри од Охридското езеро нема вода за пиење и за основни хигиенски потреби. Мештаните со утринското будење го доживуваат и првиот шок со месеци се без вода, од 8 часот ја снемува, а после 22 часот доаѓа и тоа со слаб притисок. 

Тие се жалат дека нивното здравје е загрозено, а моментално во селото намножени се и болви кои ги касаат децата.

Револтирани, жителите се собраа за да алармираат за состојбата во која се наоѓаат. Во нивните дворови насекаде пластични шишиња и кофи со вода за некако импровизирано да го поминат денот.

Проблеми со водоснабдувањето, а во Велгоши имало години наназад  но но не како ова лето, дел од мештаните поради ваквата состојба претрпеле и штети.

И покрај нивните обиди и напори чекајќи речиси цело лето надлежните да го решат овој проблем на денот на нашето снимање водата повторно се врати во селото.

Од ЈП охридски Водовод за Сител велат дека ваквата состојба е како резултат на дивите водоводни приклучоци и злоупотреби од страна на селаните за полевање на земјоделските површини.