Свет
17. November 2019 - 9:55

Два авиона се судрија на аеродромот во Франкфурт, нема повредени

Два авиона се судрија на аеродромот во Франкфурт, но нема повредени, јави ДПА.

Авион на авиокомпанијата Кориан ер (Боинг 777) удрил во авион на авиокомпанијата Ер Намибија по слетувањето на аеродромот. Оштетено е крилото на намибискиот авион додека на корејскиот авион е оштетен хоризонталниот стабилизатор.

На двата авиона има материјална штета, но нема повредени бидејќи авионот на Ер Намибија се движел со мала брзина кога во него удрил јужнокорејскиот авион.