Дутерте: Му ветив на Бог, повеќе нема да пцујам

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, познат по говорот во кој не бира зборови, изјави дека му ветил на Бог, оти повеќе нема да пцуе.
Дутерте тврди дека Бог му дал ултиматум. Според него се се случило синоќа во авионот, со кој се враќал по посетата на Јапонија.
Во текот на летото гледал во небото, додека останатите спиеле, некои ’рчеле.
- Слушнав глас, кој ми кажа да престанам да пцујам и дека доколку тоа не го сторам авионот ќе се урне, рече Дутерте (71) пред новинарите на аеродромот.
- Прашав: Кој е тоа? И секако тоа беше Бог, рече Дутерте, додавајќи дека тогаш ветил дека повеќе нема да пцуе.
Тој истакна дека тоа е ветување кон Бога и кон филипинскиот народ.
Дутерте на американскиот претседател Барак Обама му порача да „оди по ѓаволите“, а папата го нарече „ку*вин син“, бидејќи „предизвикал метеж во сообраќајот за време на посетата“.
ЕУ ја нарече лицемерна, се закануваше дека неговата земји ќе ги напушти ОН, како и дека со задоволство би убил три милиони зависници од дрога.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови
-

Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното
-

Орбан: Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на ЕУ, нема да прифаќа мигранти
-

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров
-

Словенија: Илегалниот отпад е бизнис вреден милиони евра, полицијата формира посебен оддел за еколошки криминал
-

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита
-

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос
-

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост
