ДУИ предлага и онлајн одржување на собраниските седници

Демократската унија за интеграција предлага седниците на Собранието да се одржуваат и онлајн.
Оттаму сметаат дека Собранието треба да ја разгледува можноста за изменување и дополнување на Деловникот во смисла на специфицирање, што всушност се подразбира со зборот присуство на пратеници, без разлика дали е тоа физичко присуство или онлајн.
ДУИ, се наведува во партиското соопштение, бара солидни причини од опозициските партии да го разгледуваат овој предлог со цел, како што велат, да се избегне можноста да се заштити здравјето на пратениците и администрацијата а исто времено да не се блокираат важните процеси за Република Македонија.
– Во сегашната регулатива на Собранието стои реченицата „присуство“. ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од КОВИД-19, да не ги натераме да преку посебен третман доаѓаат во седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси, се посочуа во партиското соопштение.
Од Демократската унија за интеграција бараат опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со КОВИД-19, потсетувајќи дека Владата веќе започна да ги одржува своите седници преку Интернет.
Ново на Сител
-

17-годишно момче пријавено за исчезнато во Скопје
-

Во пресрет на посетата на Либан, папата Лав XIV отслужи миса во Ерменската катедрала во Истанбул
-

ИДФ убија четворица оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа
-

ИЈЗ: Во 2025. регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија
-

Поранешната премиерка на Бангладеш, Халеда Зија, е во критична здравствена состојба
-

Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата танкера во Црно Море
-

Протест во Тел Авив: Семејствата ги бараат телата на двајцата преостанати заложници, мировниот процес е заглавен
-

Најстудено утрово во Скопје - 2, во текот на денот од 7 до 13 степени
