Македонија
23. May 2019 - 16:27

ДУИ бара преразгледување на одлуката за Муслиу како директор на АР – Пендаровски останува на ставот

ДУИ бара од Претседателот Пендаровски да ја преиспита одлуката за новиот директор на Агенцијата за разузнавање.. Од партијата велат дека назначувањето на Еролд Муслиу е избрзано..

Од кабинетот на Пендаровски одговорија дека Муслиу е најдобриот кандидат за таа функција..

„По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Еролд Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција. Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави“, објаснија од претседателскиот кабинет.

Муслиу за Алсат, одби да ја коментира изјавата на Османи.. Повтори дека тој е назначен од Пендаровски кој ја има поддршката од ДУИ..

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири кој е во отворен судир со ДУИ, ја пофали одлуката „на Пендаровски. На фејсбук напиша:

„ДУИ мисли дека само полтрони може да се поставуваат на функции...
Не бе луѓе, треба да сфатите дека има луѓе со кредибилитет и професионалци кој некој знае да ги цени“, пишува Зекири.

Муслиу и во 2011-та беше во игра за прв човек на разузнавачите.. И тогаш ДУИ се противеше тој да ја води Агенцијата..