-->
-->
Дуелот Франција-Исланд најпосетен на еврошампионатите
-->
Четвртфиналниот дуел Франција- Исланд собори неколку рекорди на Европските првенства но најзначаен е тој што вчерашниот натпревар стана најпосетен во досегашниот тек а првенството, бидејќи натрибините беа сместени 76833 навивачи, со што е соборен рекордот од осминафиналниот дуел меѓу Шпанија и Италија, која ја посетија 76165 навивачи.
Францијаго победи Исланд, со резултат 5:2 со што овој натпревар стана најрезултативен во досегашниот тек на ЕП во Франција.
Франција стана прва репрезентација во историјата на ЕП, која постигна четири гола во првото полувреме во плеј-оф натпреварите.
На оваа средба се постигнати најмногу голови од 25 јуни 2000 година, кога на средбата Холандија – Југославија се постигнати исто така 7 гола (6:1).
Вчерашната средба го дели второто место според бројот на постигнати гола за целата историја на европските натпреварувања. Повеќе голови се постигнати само на средбата меѓу Франција и Југославија во 1960 година, 4:5.
Франција стана прва земја што по вторпат постигнува по пет гола на средба во историјата на европските првенства. Првпат тоа и појде од рака во 1984 година на средбата против Белгија.
Исланд е првата земја што со ист стартен состав ги одигра сите средби на европското првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор