Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск

Властите во Обединетите Арапски Емирати денеска потпишаа договор за изградба на проектот Дубаи Луп (Dubai Loop – брза транспортна мрежа) со Боринг компани (Boring Company), компанија за инфраструктура и тунелни услуги на Илон Маск.
Договорот меѓу Управата за патишта и транспорт на Дубаи и компанијата на Маск предвидува капацитет за превоз на 160,000 патници на час и должина на рутата поголема од 100 километри.
Во почетната фаза на проектот е предвидена изградба на транспортниот систем „Луп“ што ќе има 11 станици и тунел долг 17 километри и ќе превезува над 20,000 патници на час.
Последната фаза на брзата транспортна мрежа ќе биде подземен систем од нова генерација во емиратот, што ќе користи одржливи и иновативни технологии за безбедно и ефикасно транспортирање патници преку системот Луп на Боринг компани, што веќе превезува над два милиона патници во Лас Вегас, САД, од 2021 година.
Системот Дубаи Луп ќе ги поврзува клучните локации во емиратот. Компанијата Боринг е основана во 2017 година од Илон Маск, во потрага по револуционерни транспортни решенија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Протојереј-ставрофор Зоран И. Стојанов, декан на деканатот Св. Кирил и Методиј(Католичка Црква)
-

Поплави во општина Чешиново-Облешево
-

Филипче ќе го разреши и Илиевски од потпретседател на СДСМ, Спасовски останува координатор
-

СДСМ: Власта направи хаос во ПИОМ
-

Пензионерите во понеделник пред Уставен суд
-

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ брани криминалци
-

Андоновски: За една и пол година дуплиран е бројот на корисници на националниот портал
-

Ќе се укинат ли блок тарифите за струјата?
