Македонија
24. July 2020 - 16:44

ДСЗИ подготвува нов список со лица кои одбиваат да ги примат решенијата за изолација

Уште стотина граѓани кои не примиле решенија за изолација поради коронавирусот идната недела ќе бидат јавно објавени во весник. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека загрижува фактот што овие лица намерно избегнувале да го земат документот испратен по пошта зошто во доставницата пишувало “Не примил” и законски да се обврзат дека ќе седат дома и нема евентуално да го шират вирусот.

-Ова е второ објавување. Не се намалија не се ни проретчија причините по кои одредени наши граѓани не сакаат да речам и намерно избегнување на примање решенија. Зошто кажувам намерно. Досега на повратниците од пошта пишуваше не примено по основ на непознат, променета адреса, иселен или не постои. Сега почнаа од пошта да ни се враќаат со доставници на кои пишува “не примил”, изјави за Сител д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Од здравствениот инспекторат велат дека се овбрзани и по втор пат да им ги пратат истото решение па потоа јавно да ги објават нивните имиња. Доколку позитивните на Ковид-19 или лицата кои имале контакт со заразен оставиле веродостојни податоци при земање на брисот или во епидемиолошката анкета тогаш ги контролира полицијата, но не се исклучува можноста дел од овие 100-тина граѓани слободно да се шетале низ градот знаејќи дека имаат коронавирус, а во меѓувреме да им помине и периодот за изолација.

-Едно решение оди по маил, по вибер или адреса. Другите решенија ги предаваме на МВР нивните служби да ги контролираат на целата терирорија на државата. Не е оставено без контрола се зависи од веродостојноста на дадените податоци при заемање на брисот или при епидемиооошката анкета, додаде д-р Бухова.

Од МВР велат дека тие ги контролираат сите лица за кои ќе добијат известување од ДСЗИ.

Од воведувањето на мерките на 26 февруари до денес проверувале 30.106 граѓани во изолација и 14.816 граѓани во самоизолација.

Во текот на тој период полицијата евидентира 132.556 контроли извршени над лица во самоизолација.

Од МВР информираат дека од 1 мај до денес поднеле и 32.510 прекршочни пријави на лица кои не носеле маски или друга заштитна опрема на лицето.

Казната за овој прекршок е 20 евра.