Македонија
26. January 2021 - 17:11

ДСЗИ му забрани на Асани да прегледува во домашната ординација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат му забрани на струшкиот гинеколог Мухамед Асани да дава здравствени услуги во ординацијата во својот дом во која и претходно работел без никаква документација. Кабинетот на вицепремиерот задолжен за справување со корупцијата во убедува дека интензивно го следи случајот во кој повеќе пациенти го обвинуваат директорот на струшката болница за лекарска грешка со сериозни последици. Сепак до сега, единствената активност на надлежните институции е контролата на дражавниот санитарен и здравствен инспекторат.

При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за којашто нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом. – се вели во соопштението испратено во име на вицепремиерот Љупчо Николовски.

Во меѓувреме, адвокатите на оштетените пациенти веќе обезбедиле серија нотарски изјави на пациентки кои добивале медицински услуги во нелеалната ординација на Асани а 4 од нив пристигнале и во канцелариите на државниот здравствен инспекторат.
 
Од кабинетот на Николовски велат дека сите институции ќе постапуваат во согласност со надлежностите но до овој момент нема информација дали меѓу нив ќе биде и јавното обвинителство.
Кривични пријави за Асани веќе поднесуваат две дебарски семејства. Јлдиз Веапоска го обвинува за лекарска грешка поради која останала без матка јајник и еден бубрег, а семејството Несимовски бара одговорност поради наводен пропуст поради кој 2 годишната Амила сега има дијагностицирана церебрална парализа.
Асани рече дека не сака да ги коментира обвинувањата.