ДС: Се создава неподнослива реа на нов обид за амнестија
Иницијативата на Уставниот суд да ги врати на сила одлуките на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица носители на високи државни и политички функции, инволвирани во тежок криминал, претставува театар на апсурдот.
Сето ова создава неподнослива реа на повторен обид за амнестија, за поништување на сите случаи на СJО и за создавање нова коалиција меѓу криминалот и политиката. Сето тоа, во пресрет на вонредните парламентарни избори, ќе предизвика силен револт и протести на граѓаните, кои само до пред три години демонстрираа по улиците со слоганот НЕМА ПРАВДА -НЕМА МИР.
Демократскиот сојуз очекува решителна реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и слободномислечките граѓани. Ги повикуваме на протести, а од членовите на Уставниот суд бараме итни оставки.
Крајно време е Парламентот да се разбуди и да ги разреши. Доколку продолжи постапката на Уставниот суд за ставање во сила на аболициите на Ѓорге Иванов, се губи и логиката за одржување предвремени парламентарни избори, бидејќи тие ќе ја кулминираат кризата во државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна