Македонија
8. December 2016 - 14:16

Државни делегации положија цвеќе пред споменикот на св. Климент

По повод државниот празник посветен на св. Климент Охридски, цвеќе пред Споменикот на светителот во близина на Соборниот храм во Скопје денеска положи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. 

Цвеќе положи и делегација на Град Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски, како и делегации од Владата и од Собранието на Република Македонија и претставници на политички партии и здруженија на граѓани.