Loading Video...
Бизнис
30. September 2015 - 18:11

Државата ќе помогне за да се договори откупната цена на оризот

Заменик министерот за земјоделие Ване Костадиновски, со оризопроизводителите од општина Чешиново – Облешево за утре договорија работен состанок во министерството во присуство на сите релевантни институции за одредување на откупната цена на оризот. Ова е со цел поголемо стимулирање на земјоделците за зголемување на површините под „белото злато“, кои само за 5 години се зголемија за 1000 ха. Како што наведе Костадиновски, Владата покрај субвенциите од 12 000 денари по ха оризова површина, доделува и дополнителни средства.

- Во изминативе 5 години имаме обезбедено околу 5 милиони евра, средства од буџетот на Р. Македонија преку програмата за директни плаќања, нмаменети директно за земјоделците- изјави Ване Костадиновски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Костадиновски ги информираше земјоделците со кредитните линии на ИПА програмата, преку која на располагање им се 20 милиони евра за модернизација на производство, како и со капиталната инвестиција во делот на водоснабдувањето со изградбата на брана Речани, на Оризарска река, во вредност од 45 милиони евра.

- Оваа инвестиција е наменета и за наводнување на 1500 ха земјоделски површини- изјави Костадиновски

Само општина Чешиново-Облешево преку програмата за рурален развој, за подобрување на инфраструктурата досега искористила 400 000 евра, а веќе им се одобрени 3 проекти во вкупна вредност од 500 000 евра.