Дрвосечач од гостиварско се бори за живот, дрво му нанело тешки повреди на главата и лицето
А.Т. (30) од гостиварско Ново Село вчера бил пренесен на скопските клиники во тешка здравствена состојба, откако се повредил при сеча на дрва.
СВР Тетово информира дека А.Т. бил згрижен во ургентното одделение во гостиварската општа болница со повреди на главата и лицето и во бесвесна состојба. Како итен случај со фрактури на черепот и во животно загрозувачка состојба е префрлен на скопските клиники.
Според изјавата на неговиот татко, А.Т. се повредил додека сечел дрво со моторна пила, во месноста Студена Вода, покрај регионалниот пат Маврови Анови - Гостивар.
Првичните сознанија велат дека станува збор за несреќен случај при работа.
Од почетокот на годината, во гостиварскиот регион се регистрирани седум случаи на повредувања при работа од кои пет со потешки повреди. Најчеста причина била невниманието.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација