Свет
9. January 2019 - 9:57

Драматично обраќање на Трамп од Белата куќа: На работ на вонредна состојба, побара пари од Конгресот за изградба на ѕидот

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот 5,7 милјарди долари оваа година за да изгради ѕид на границата со Мексико, но не прогласи вонредна состојба, која би можела да доведе до финасирање на тој проект и надвор од буџетот, односно Конгресот.

Тој во телевизиското обраќање до нацијата рече дека на американско - мексиканската граница е се поголема безбедносната криза, пренесува Гласот на Америка.
 
„Во текот  на години, илјадници Американци брутално се убивани од оние кои илегално влегуваат во нашата земја, а уште илјадници животи ќе бидат изгубени, ако не реагираме веднаш. Ова е хуманитарна криза, криза на срцето и душата. Минатиот месец 20.000 деца се илегално внесени во САД, што е значително зголемување. Тие деца се користат како пиони од страна на суровите банди и бескруплозните криумчари со луѓе“, рече Трамп.

Меѓутоа, по неколку дена во текот на кои навестуваше дека би можел да ги искористи своите претседателски овластувања да прогласи вонредна состојба, како прв чекор за да ги насочи парите кон ѕидот без дозвола на Конгресот, Трамп делуваше како да е подготвен, наместо тоа, да продолжи да работи на пронаоѓање на решение во Конгресот.

Во текот на обраќањето Трамп рече дека единствена причина поради која владата останува затворена е таа што демократите одбиваат да го финасираат обезбедувањето на границите.

„На сите граѓани им порачувам - јавете се во Конгресот и конечно кажете им, по толку децении, да ја обезбедат нашата граница. Тоа е избор меѓу исправно и погрешно, правда и неправда. Прашање е дали можеме да ја исполниме нашата света должност кон американските граѓани на кои им служиме“, рече Трамп.

По обраќањео на Трамп, на нацијата и се обратија лидерите на демократие во Конгресот.

Новоизбраната претседавачка со Претставничкиот дом Ненси Пелоси порача дека „претседателот Трамп мора да престане да ги држи американските граѓани како заложници и да престане да произведвуа криза“ и дека мора повторно да ја отвори владата.

Таа додаде дека претседателот го избрал стравот, а демократите сакаат сигурна граница, но со почитување на основните американски вредности, порачувајќи жените и децата имигранти на граница не претставуваат безбедносан закан туку хуманитарен предизвик.

Лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер изјави деак симболот на Америка треба да биде Статуата на слободата, а не 9 метри високиот ѕид и додаде дека претседателот Трамп ја затворил владата затоа што не успеал да го убеди Конгресот и американскиот народ да ги сносат трошоците за изградбата на „неефикасен и непотребен ѕид на граница“.

„Ние не владееме така што правиме сцени како деца“, рече Шумер и додаде дека претседателот им нанесува штета на милиони Американци затоа што желбата не му е исполнета.