Македонија
30. November 2015 - 8:40

„Драматичната 1991 година“ - нова книга од Стојан Андов

Во Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Драматичната 1991 година“, студии и сеќавања на Стојан Андов, прв претседател на Собранието на независна Република Македонија.

Книгата е во издание на „Матица македонска“ и со неа ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на познатиот политичар, публицист и писател.

За новото дело и за богатиот творечки опус на авторот ќе говорат: Раде Силјан, Јордан Плевнеш и Блаже Миневски, а извадоци од книгата ќе читаат актерите Мето Јовановски и Роберт Вељановски. 

Стојан Андов (1935, Кавадарци) е автор на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Приказната на Марија“ и „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“.