Балкан
11. April 2016 - 12:48

Драматична ситуација во прифатниот центар Елиникон крај Атина

Во прифатнот центар на стариот атински аеродром Елиникон владее драматична ситуација, каде веќе има над 6.000 бегалци и мигранти, и покрај забележениот пад на миграциски прилив на грчките острови по склучувањето на спогодбата меѓу ЕУ и Турција од 20 март, алармира денеска електронското издание на весникот „Етнос“.

Во репортажа на весникот пишува дека во последно време ситуацијата во центарот е на пат да излезе од контрола и дека крие сериозни ризици откако драматично се зголеми бројот на бегалци и мигранти кои се сместени во него, а капацитетот на центарот тоа не може да го издржи.

Весникот „Етнос“. исто така, алармира и за новиот обид на властите  да ги преместат бегалците и мигрантите од пристаништето Пиреја во други прифатни центри, кои поттикнувани од активистите на невладините организации, одбиваат да се ги послушаат нивните повици за преместување.