Драма во Тетово: Со чекан го удрил по глава, па потоа извадил пиштол
Во текот на вчерашниот ден околу 7 часот во Селце тетовско се одвивала вистинска драма кога 38-годишниот Ј.К. и 36-годишниот Р.А. започнале расправија. Р.А. со багер изведувал градежни работи, ангажиран од страна на 40-годишниот Б.И., а при кавгата во еден момент Ј.К. се разбеснил и го погодил со чекан,со што му нанел повреди во пределот на телото.
Потоа дошол и Б.И. за да ги раздели, а Р.А. извадил пиштол и испукал еден истрел во непознат правец. По кратко време пристигнале и браќата на Ј.К. и го напуштле местото на настанот.
Повредениот е пренесен во Клиничката Болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Со истиот како и со останатите лица извршен е разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК