Драма во Тетово - Полицијата морала да пука
Вчера во 21 и 20 часот, по претходно добиена информација за лицето Н.М 33- годишен од Тетово кој се бара за издржување на казна затвор во траење од седум месеци, полициски службеници отишле на улица „Киро Ристовски Дрнц“ каде затекнале паркирано моторно возили „Форд Фокус“ без регистарски таблици, во кое на совозачкото седиште во легната положба бил Н.М.
Кога ги забележал полициските службеници ги заклучил вратите и се префрлил на возачкото седиште, по што го стартувал возилото.
Најпрво тргнал наназад, а потоа тргнал нанапред и поминал веднаш покрај службеното моторно возило, како и покрај едниот полициски службеник.
Со цел да го спречи во намерата да побегне едниот од полициските службеници од службениот пиштол испукал три куршуми во воздух, но, и покрај тоа Н.М со возилото успеал да побегне во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација