Драма во кумановско: Авганистанци претепале маж, му одзеле 440 евра, а барале и 2.300 евра од брат му за да го ослободат
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца Авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво.
Од Обвинителството информираат дека осомничените на место викано Чифлик, во атарот на село Табановце, со употреба на сила и сериозна закана одзеле од оштетениот, државјанин на Индија, подвижен предмет со намера противправно да го присвојат.
-Осомничените телесно го повредиле оштетениот откако со сериозна закана и со употреба на нож и на тврд подесен предмет го удриле во пределот на главата. По ударот жртвата паднала на земја, по што двајцата осомничени му ги врзеле рацете и нозете и сериозно му се заканиле дека непосредно ќе нападнат врз неговиот живот и тело ако не им ги даде сите пари што ги има. Осомничените одзеле 440 евра, а потоа повторно почнале да го удират оштетениот и го присилиле да побара од неговиот брат да му испрати парични средства преку „Money Gram“ во износ од 2.300 евра за да биде ослободен, стои во соопштението.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомничените. При што е предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена за двајцата обвинети.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка