Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
На 2 мај, во куќа на улицата Димката А. Габерот во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот.
Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди.
Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот задржана на 1,75 отсто
-
Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови
-
Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
-
Кривична за поранешен директор на затвор – ослободувал осуденици
-
Големи урагани во Флорида, тројца мртви, милиони без стуја | ВИДЕО
-
Такси се појави на сред напревар во Бугарија | ВИДЕО
-
Состојба на патиштата
-
Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан