Живот
5. October 2015 - 17:22

Драма во Икс Фактор: Романска барбика се онесвести сред сцена

Голема драма се случи во романскиот „Икс Фактор“ кога 17 годишната натпреварувачка Сабрина Фабиан, изведувајќи ја песната „Barbie Girl” и тоа на ролери, се оснесвести сред сцена.

Романската барбика само што го започна својот настап, застана и неколку секунди подоцна, падна на подот. Жирито и претрча во помош, па кратко потоа Сабрина се врати на сцена и повторно, со помош на членовите од жирито ја изведе песната.

Иако натпреварувачката тврдела дека почувствувала слабост и дека го заборавила текстот пред да се онесвести, сепак многумина сметаат дека таа намерно ја направила целата драма за да привлече внимание.