Живот
24. November 2019 - 21:16

Драма во Бразил: Џиновска дупка се отвори на улицата и проголта автомобил - мајка и ќерка едвај се извлекоа

Неверојатна снимка стигна од Бразил. Во гратчето Флорес да Кунха на југот од Бразил во средата пропадна пат по поминувањто на камион и се отвори огромна дупка.

На снимката од безбедносните камери од блиските куќи се гледа како еден автомобил ја заобиколува дупката, но друг пропаѓа.

Ванеса Канагноли (34), која управувала со автомобилот, скришила нос, а нејзината 12-годишна ќерка Андреса Карнсела поминала без повреди.

„Возевме и во еден момент само пропаднавме. Ја отворивме вратата се обидовме да излеземе од автомобилот“, раскажа Ванеса за бразискиот портал Г1.

Минувач и помогнал на неа и на ќерката да се извлечат од дупката, по што биле пренесени во болница.