Македонија
7. May 2022 - 16:59

Драма во Аеродром: Слушнал пукање, па почувствувал болка во грбот и раката

Скопјанец седел со пријателите, чул пукање и почувствувал болка во раката и грбот.

- На 06.05.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(28) од Скопје пријавил дека во текот на минатата недела во дворот од зградата, додека бил заедно со пријатели, слушнал пукање од огнено оружје и почувствувал болка во раката и грбот. Според пријавеното, на местото од каде се слушнало пукањето го забележал М.Т.(28) од Скопје и се сомнева дека тој пукал, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.