Македонија
29. November 2016 - 13:31

Драма по полноќ во Скопје: Го претепале со метални шипки

Во 03 часот и 30  минути било пријавено дека половина час по полноќ 29-годишниот скопјанец Д.С. на булеварот „Александар Македонски“преживеал хорор. Додека скопјанецот се движел пеш со неговите пријатели и пристигнале на паркингот каде биле паркирани нивните возила, забележале две возила од кои излегле неколку непознати лица. Кон Д.С. тргнале три лица од кои едното имало метален предмет во рака, при што почнале да го удираат во пределот на главата и телото по што избегал од местото на настанот и побарал лекарска помош во ГОБ- “Св. Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.

Меѓу напаѓачите бил забележан А.В. За време на целиот настан  истиот забележал дека лицата физички ги нападнале и неговите пријатели, но не бил во можност поединечно да забележи кој од нив бил удрен, по што истите се разбегале во различни правци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.