Македонија
15. јуни 2022 - 17:09

Драма на Кванташки пазар: Им се заканиле со пиштол па ги претепале

На 14.06.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје, В.А.(37) од с.Мојанци, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на Кванташки пазар, каде што работел, по претходна расправија, тој, неговиот брат Ј.А. и уште еден вработен Н.А. биле физички нападнати од И.Б., неговиот брат И.Б., двајцата од с.Арачиново и уште три лица, соопштија од МВР.

Притоа, според пријавеното, еден од браќата И.Б. им се заканил со пиштол и ги нападнал В.А. и Ј.А.. Додека, исто така, според пријавеното, едно од трите лица употребило тврд предмет.

Се работи на расчистување на случајот.