Балкан
29. March 2016 - 9:45

ДРАМА НА КИПАР: Киднапиран авион полн со патници - внатре има бомба

Авио-превозникот "Idžipter" официјално соопшти дека е киднапиран авион Ербас A320, на летот од Александрија за Каиро. Како што соопштува египетската полиција денеска, авионот слетал на Кипар и според кипарските власти постои можност во него да има бомба.

Во авионот имало 81 патник, киднапиран е во лет, а слетал на Кипар во 8 часот и 46 минути. 

Според неофицијалните податоци, еден човек е вооружен во авионот. Наводно, киднаперот од авионот ги пуштил децата и жените.

Повеќе детали се најавуваат за подоцна. Владее паника и драма.