Балкан
27. August 2016 - 20:19

Драма на автопат: Се запали автобус полн со патници

На автопатот кај Бегаљичко брдо во правец на Ниш, околу 16.20 часот во текот на возење се запали автобус на Ласта и целосно изгоре.

Во српското МВР наведуваат дека патниците навреме го напуштиле автобусот, па никој не е повреден.

 

Причината за несреќата се уште се утврдува, зошто увидот е во тек. Во тој дел од автопатот сообраќајот се одвива отежнато.