Свет
13. July 2016 - 18:29

Драма на Аеродромот: Два авиони се судрија на писта a неколку се оштетени

 
Авионите се на белоруската компанија „Белавиа“, а официјалните лица потврдија дека дошло до инцидент.
 
Неколку авиони се оштетени на аеродромот во Минск после снежната олуја, а две летала се судрија на пистата.
 
Се претпоставува  дека во леталата немало луѓе, така што се верува дека нема повредени.
 
 
„Постојат проблеми на аеродромот поради олуја. Неколку летала се оштетени, вклучувајчќи ги и нашите. Нема повредени, ниту мртви во инцидентот“, соопшти портпаролот на компанијата „Белавиа“