Македонија
3. August 2018 - 14:15

Драма кај Марков Манастир: При невремето ја удрило дрво и паднала во Маркова река

Вчера во 15:35 часот било пријавено дека позади Марков Манастир до Маркова Река има повредено женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лицето В.С. (55) од Скопје.

Таа со нејзиниот син Д.С. (25) седела до Маркова Река.

Околу 14:30 часот почнало да врне и дува силен ветар, при што паднало дрво врз В.С. и таа паднала во реката. Од страна на нејзиниот син и други граѓани дрвото било тргнато, а В.С. била извадена до реката.

Поради здобиените повреди таа била префрлена во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.