Кошарка
15. September 2017 - 11:18

Драгиќ се премислува ќе продолжи да игра за Словенија!?

 
 
 Горан Драгиќ иако најавуваше дека Европското првенство ќе биде негов последен настап во дресот на Словенија, сепак најдобриот играч на оваа кошаркарска репрезентација се премислува. 
 
Словенците кои играат фантастично на Евробаскетот се првите кои обезбедија пласман во финалето и тоа со максимални осум победи и без ниту еден пораз, а играта која ја прикажуваат им дава за право да се надеваат и на освојување на шампионскиот трофеј. 
 
Лидеротр на тимот Драгиќ по сензационалната победа над актуелниот шампион Шпанија во полуфиналето изјави ,,Ако селекторот Игор Кокошков остане и продолжи да ја води Словенија, и јас ќе продолжам да играм за репрезентацијата“ . 
 
Никој пред почетокот на шампионот не би типувал на Словенија, но како првенството одминуваше, играта на словенечките кошаркари пленеше со убавина и зрелост. Победата над Шпанија е показател дека Словенија е реалност, а не моментално изненадување.
 
Капитенот Драгиќ кои и овојпат беше лидер на својот тим со учинок од 15 поени, 8 скокови и 5 асистенции, во победата од 92-72, не го криеше задоволството од големиот триумф и најави дека Словенците имаат сила и за финалето. 
 
„Ова е најголемата победа на словенечката кошарка. Мислам дека вечерва со кој противник и да игравме, ќе победевме. Убеден сум дека имаме сили и енергија за уште еден ваков натпревар. Европа и вечерва виде каква кошарка играат Словенците“, изјави НБА ѕвездата Драгиќ.
 
Во неделното финале Словенија го пречекува победникот од вечерашниот полуфинален меч меѓу Русија и Србија