ДПИ: Инспекциските служби работат со поголеми овластувања, извршени 742 контроли, затворен објект во Гостивар
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соопшти дека инспекциските служби од вчера вечер постапуваат според новите овластувања, согласно измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести. Притоа во повеќе градови во државата извршени се вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи.
Како што информира Државниот пазарен инспекторат, во Гостивар извршени се два надзори и 50 контроли, а во угостителски објект кој се наоѓа во ТЦ „Јавор“, констатирано е прекршување на новите одредби од изменетиот Закон за заштита на здравјето на населението од заразни болести, за што ќе се преземат соодветни мерки.
-Не е затекнато прекршување на работното време кај контролираните објекти. Во истиот момент кога се констатирани прекршувањата, ДПИ на лице место го затвори објектот, а изречена е и парична казна, стои во соопштението.
Најмногу контроли и надзори се спроведени во Скопје, односно 213 контроли и 12 надзори, при што не се констатирани прекршувања на здравствените протоколи. Во Битола се спроведени 9 надзори и 131 контрола, во Штип три надзори и 83 контроли, во Кавадарци три надзори и 63 контроли, во Струмица два надзори и 50 контроли, а останатите контроли и надзори се во Тетово, Охрид, Куманово, Битола, Струга.
Според новите измени и дополнувања на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен.
Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице. Со ова, како што се наведува во соопштението, сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна.
Ново на Сител
-

И утрово исклучително висок степен на загаденост на воздухот во Белград
-

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1 300 до 1 800 евра
-

За еден месец 101 санкции за непрописно вградени фолии
-

Студено утро, најниска температура измерена во Берово
-

Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија
-

Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил
-

Дабл-дабл на Дончиќ недоволен Лејкерси да избегнат пораз од Феникс
-

Во Собранието ќе заседаваат три комисии
