Македонија
7. March 2020 - 16:01

ДПА сама ќе настапи на изборите

Демократската партија на Албанците (ДПА) самостојно ќе настапи на претстојните предвремени парламнетарни избори. Оваа одлука беше донесена на денешната седница на Централното претседателство што се одржа во Тетово.

-На седницата на Централното претседателство на ДПА, претседателот на партијата реферираше за состојбите, се започна дебата по што се донесе одлука. ДПА сама ќе излезе на претстојните парламентарни избори. Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите Албанци, да ја поддржат и гласаат ДПА како единствена национална партија на Албанците во Република Македонија, изјави Луан Треси, портпартол и член на Централното претседателство.

Во неколку наврати претходно лидерот на партијата Мендух Тачи рече дека се разговара со НДП, но од таа партија пред некоку недели соопштија дека нема да учествуваат на изборите.