Македонија
11. February 2017 - 17:01

ДПА денеска ќе одржи централно собрание на кое ќе се одреди датумот на вонредниот конгрес

ДПА денеска ќе одржи Централно собрание на кое ќе се одреди датумот на вонредниот Конгрес на партијата. Од оваа партија официјално не ги откриваат имињата на кандидатите кои претендираат да го заменат Мендух Тачи кој повеќе од еден месец е во оставка. Но, не се исклучува можноста Тачи и понатаму да остане на чело на партијата. Во ДПА велат дека за сè ќе се одлучи на Конгресот.

„За во сабота е свикано Централното собрание. Тоа ќе го одреди датумот за одржување на вонредниот Конгрес. Сè уште нема потенцијални имиња за претседател на партијата. Кандидати ќе се одредуваат од денот на Собранието до одржувањето на Конгресот“, соопштуваат од ДПА

Две месеца по оставката, Тачи во јавноста се појави дури вчера на средбата со еврокомесарот Хан. Овој пат тој имаше друга амбиција, да стане премиер.