Доживотен затвор за 21-годишниот руски војник кој застрела украински цивил
Дваесет и едногодишниот руски војник Вадим Шишмарин денеска е осуден на доживотен затвор затоа што усмртил цивил, на првото судење за воени злосторства во Украина, јави ДПА.
Судот во Киев денеска сметаше дека Обвинтелството ја докажа неговата вина, по признанието на војникот дека застрелал 62-годишен цивил среде руската инвазија на Украина.
Ова беше првиот случај што се водеше на суд по хоророт што светот го виде од руските злосторства во Украина, пренесе ДПА.
Престрелката се случила во селото Чупахивка, во североисточниот регион Суми. Војникот, кој е од Сибир, рече дека дејствувал по наредба на неговите претпоставени. Тој се извини и побара прошка од вдовицата на цивилот за време на судењето.
Обвинителството побарало доживотен затвор. Одбраната се залагаше за ослободителна пресуда, велејќи дека војникот извршувал наредба.
Казната ќе стане правосилна дури по евентуална жалба.
Можно е војникот да биде разменет за украински затвореници во Русија, наведува германската агенција.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра