Доживотен затвор за 21-годишниот руски војник кој застрела украински цивил
Дваесет и едногодишниот руски војник Вадим Шишмарин денеска е осуден на доживотен затвор затоа што усмртил цивил, на првото судење за воени злосторства во Украина, јави ДПА.
Судот во Киев денеска сметаше дека Обвинтелството ја докажа неговата вина, по признанието на војникот дека застрелал 62-годишен цивил среде руската инвазија на Украина.
Ова беше првиот случај што се водеше на суд по хоророт што светот го виде од руските злосторства во Украина, пренесе ДПА.
Престрелката се случила во селото Чупахивка, во североисточниот регион Суми. Војникот, кој е од Сибир, рече дека дејствувал по наредба на неговите претпоставени. Тој се извини и побара прошка од вдовицата на цивилот за време на судењето.
Обвинителството побарало доживотен затвор. Одбраната се залагаше за ослободителна пресуда, велејќи дека војникот извршувал наредба.
Казната ќе стане правосилна дури по евентуална жалба.
Можно е војникот да биде разменет за украински затвореници во Русија, наведува германската агенција.
Ново на Сител
-
Љубчо Георгиевски: Се уште не сме го виделе францускиот предлог, но не треба целосно да се отфрла
-
МВР: Да се одјават возилата чија сообраќајна дозвола не е продолжена повеќе од две години
-
Синодот на МПЦ-ОА со апел за зачувување на македонските национални интереси
-
Борисов повика Бугарија да го финализира францускиот предлог за Република Северна Македонија
-
Асен Василев е кандидат за премиер на „Продолжуваме со промената“
-
Изменета рута на дел од автобуските линии поради најавена блокада пред Собранието
-
Француската амбасадорка во Софија: Предлогот е идентичен со тој што беше изгласан во бугарскиот парламент
-
Се зголемува бројот на пријавени штети од невремето во Делчево