Македонија
16. November 2017 - 8:46

Дождот не престанува, денес уште пообилни врнежи

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во северозападните, централните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 11, а дневната  во интервал од девет до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет, а повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 10 степени.

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Во петок во југозападните делови ќе има пообилни врнежи. Од утре до сабота локално се очекува да наврнат уште над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег.