Македонија
12. October 2016 - 9:17

Дождот не престана да врне - еве каде е најстудено во градовите низ Македонија

 
 
Дождот не престана да врне, утрово ниски температури во градовите низ Македонија.
 
Измерени се 4 степени во Маврово, 5 Лазарополе, 7 Крушево, 8 Пожаране, 9 Ѓуриште, 10 Куманово, Претор, Крива Паланка, Дебар, Пожар, 11 Тетово, Берово, Скопје, Тополчани, Скопје Петровец, 12 Штип, Прилеп, Охрид, Виница, Битола, 13 Д. Капија, 14 Струмица, Дојран, 15 Гевгелија.
 
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, oсобено предпладне и во средината на денот. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во западните делови повремено засилен западен ветер.
 
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 15 до 22 степени.
 
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, Попладне врнежите ќе престанат. Преку денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
 
Температурата ќе се движи од 11 до 18 степени.