Loading Video...
Спорт плус
9. September 2018 - 17:46

Довициозо најбрз во Сан Марино

На патеката во Мизано се возеше  ГН на Сан  Марино од шампионатот во Мотоциклизам. Трета победа оствари Андреа Довициозо пред светскиот првак Марк Маркез и Крачлоу кои исто така се искачија на пиедесталот.
ПОбедникот Довициозо немаше многу проблеми да мине прв низ целта откако успеа од 4. Стартна позиција да се пробие на врвот и рутински да извози до крајот.  Ова можеше да биде и 1-2 победа на Дукати но Лоренцо излета од патеката во моментите кога водеше голема битка за второто место со Марк Маркез.  
Лоренцо  ја имаше пол позицијата но  не успеа да го издржи притисокот на својот клупски колега Довициозо кој првин ги мина Маркез и Милер а потоа и  Лоренцо што му донесе победа на Дукати во Мизано  по пауза од цели 11 години. 
Слаб настап оствари и легендарниот Валентино Роси кој  на крајот се најде на 7. Место зад својот колега од Хонда Дани Педроса. 
Скандалозен потег се  случи во класата до 250 кубни сантиметри кога Романо Фенети му се доближи на големиот ривал Стефано Монци и му ја присна сопирачката и сето тоа при брзина од 200 километри на час што можеше да заврши трагично . За среќа Монци успеа да се снајде а Фенети беше дисквалификуван од трката и најверојатно го очекува жестока казна од дисциплинската комисија.