Џет-Сет
19. April 2018 - 13:56

Дотерани како за на модна ревија: Цеца и Карлеуша се појавија на суд по последна мода

Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска се состанаа на рочиште, кое вчера беше одложено поради смртта на судиката.

Станува збор за кривична тужба која ја поднесе Јелена Карлеуша, поради претходен напад во судница.

Пред да влезе во судница, Цеца на новинарите им испрати бакнеж, а Јелена се покри со јакната и така ги скри рамењата.