Свет
3. February 2016 - 19:02

Доставена хуманитарна помош во Муадамијат ал Шам

Конвој со хуманитарна помош влезе во градот Муадамијат ал Шам, кој е под опсада на сириската армија.

Конвојот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст се состои од десет камиони со прехранбени производи и два камиони со лекови и медицинска опрема.

- Донесовме медицинската помош и храна во Муадамијат ал Шам, во тампон зоната меѓу бунтовниците и режимските сили, изјави портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Сирија, Павел Кжишек.

Муадамијат ал Шам, кој е во близина на Дамаск, е под опсада од 2013 година.