Македонија
7. September 2015 - 11:51

Досега издадени 64.522 потврди за барање азил

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 1.936 странски државјани, од кои 1.155 се од машки пол, 283  се од женски, 392се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 106деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.525, од Ирак 154, Авганистан 119Пакистан 94, додека другите се во помал број. 

Во периодот од 19.06.2015 до 07.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 64.522 странски државјани, од кои, 43.671 се од машки пол, 8.857 се од женски, 10.386 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.608 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, се посочува во соопштението, најбројни се државјаните на Сирија 52.495, потоа Авганистан 3.596, Ирак 3.003, Пакистан 1.876, Палестина 780Сомалија 571, Бангладеж 446, Конго 324, Нигерија 205, Камерун 160,Еритреја 142Етиопија 109, додека останатите се во помал број. 

Во периодот од 08,00 часот на 06.09.2015 до 07.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 07.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.09.2015 година евидентирани се вкупно 10 баратели на азил, од кои 6 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 1 барателка на азил е женa и 3 баратели на азил се малолетни лица. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил - еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.