Македонија
17. October 2016 - 13:04

Донирани велосипеди за деца без родители од Кичево

На 39 деца без родители од Кичево и околината, денеска, во просториите на хуманитарната организација „Класје на добрината“ во Кичево, им беа доделени  велосипеди,   донација од турската владина агенција за соработка и координација ТИКА. 

- Успеавме да обезбедиме 39 нови велосипеди за децата без родители кои се на возраст до 13 години. Благодарни сме на ТИКА за оваа донација која колку толку ќе им  го разубави денот на оваа категорија деца, изјави Ќамил Рушити, претседател на ХО „Класје на добрината“.

Акцијата, посочи Рушити, се одвива под мотото „Мојот убав спомен”.

Во „Класје на добрината” се регистрирани 62 деца без родители на кои, како што рече Рушити, секој месец се обидуваат преку разни донаци да им обезбедат по 2.000 денари парична помош.