Македонија
25. September 2017 - 17:37

Донирана хуманитарна помош за 16 семејства од Куманово

Хуманитарната организација „Крепост“ од Куманово организираше хуманитарна акција и подели пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства за 16 семејства од ранливи категории граѓани.

- Хуманитарните граѓани преку скромни донации и финансиски прилози издвоија парични средства од кои беа купени пакети со храна и средства за лична хигиена, коишто ќе ги задоволат, иако времено, потребите на овие семејства, изјави Христијан Георгиевски од „Крепост“.

Од здружението посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со хуманитарна дејност и оти за тригодишниот период колку што постојат досега се реализирани речиси 1.000 хуманитарни акции и донации.

Крепост“ има десетици активни членови, луѓе од најразлични профили кои донираат финансиски средства согласно можностите. Неретко, согласно потребите на загрозените, им се донираат и лекови, постелнина, мебел, бела техника, бесплатна правна помош, помош при пронаоѓање работа... Пораките за донирање се испраќаат лично, но и преку социјалните мрежи.