Донецката и Луганската народнa републикa се договорија со властите во Киев за ослободување на сите заробеници
Претставниците на самопрогласените Донецка и Луганска народни републики во источна Украина се договорија со официјален Киев за размена на заробениците на принципот „сите за сите“ јави ТАСС.
Во рамките на пакетот мерки за исполнување на Минскиот договор беше постигната согласност за размена меѓу Донецката народна република и Луганската народна република и Украина.
- Ќе и предадеме на Украина 47 лица, а во замена таа ќе ни врати 618 лица. Овој договор беше направен и на вчерашната седница на Контакт групата, изјави Олга Кобцева, полномошниот претставник на Луганската народна република во работната подгрупа за хуманитарни прашања при Контактната група.
Од страна на Киев, до сега нема изјави по ова прашање.
По седницата на Контакт група во Минск вчера полномошниот претставник на Русија Борис Гризлов изјави дека претставниците на Донецк и Луганск предложиле да бидат ослободени сите лица кои биле задржани во земјите.
Ново на Сител
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот