Свет
8. November 2017 - 9:06

Доналд Трамп пристигна во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пристигна во Пекинг, во прва официјална посета на Кина.

Кина, каде ќе престојува помалку од 48 часа, е третата станица од азиската турнеја на Трамп, по Јапонија и Јужна Кореја. 

На аеродромот, Трамп и неговата сопруга беа пречекани од кинескиот претседател Си Џинпинг, со кого се закажани неколку средби.

На почетокот од посетата, Си и неговата сопруга Пен Лијан ќе го однесат семејството Трамп во Забранетиот град во Пекинг