Македонија
17. May 2021 - 12:32

Домашните туристи многу ретко ангажираат туристички водичи

Домашните туристи кои доаѓаат на одмор во Охрид многу ретко ангажираат туристички водичи.Туристичките работници велат дека гостите најчесто ги посетуваат плажите со сопствен превоз или одат на прошетки со кајче до Лабино и Канео а поретко културно историските знаменитости мислејќи дека знаат се за градот и околината .

Водичите апелираат и на поголема еколошка свест не само кај домашните гости туку и кај охриѓани кои фрлаат отпад каде што ќе стигнат ,таква беше сликата изминатото лето кога градот беше затрупан со ѓубре на на фрекветните и афтентични делови кои беа собиралишта на помладите.

Токму домашните туристи поради пандемијата мината година беа најбројни на охридската ривиера а главната причина за избегнување на туристичките разгледи низ градот според туристичките работници е слабата финансиска моќ.