Домашен шампон за коса која брзо се масти

Масната коса е честа појава и нејзиното одржување навистина претставува голем проблем.
На пазарот постојат голем број препарати за масна коса, но не сите делуваат кај секого што има ваков проблем.
Ви претставуваме рецепт за домашен шампон за масна коса.
Со помош на овој шампон вашата коса помалку ќе се масти и ќе изгледа здрава и негувана.
Рецепт: Содата бикарбона помешајте ја со вода во размер 1:3, значи на една количина сода одат три количини вода.
На пример, за коса со должина до рамена доволни се две до три кафени лажички сода.
Смесата нанесете ја на сува или мокра коса, од коренот кон врвовите и оставете ја да делува една до две минти. Потоа исперете ја со вода.
Потоа, исперете ја косата со смеса од оцет (алкохолен или вински) и вода во размер 1:4. За да се намали силниот мирис на оцетот во смесата додадете етерично масло со мирис по желба и исплакнете ја со вода.
Со оваа постапка, ќе имате коса со блескав сјај.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
