Loading Video...
Кошарка
4. September 2019 - 16:19

Домаќинот Кина остана без пласман во осминафиналната рунда на Мундобаскет

Домаќинот на Светското кошаркарско првенство, Кина остана без пласман во главната фаза на шампионатот. 
 
Кинезите го претрпеа вториот пораз на Мундобаскет и тоа од  директниот конкурент за второто место во А групата Венецуела со 72-59.
 
Така Венецуела заедно со Полска од оваа група се пласираа во втората фаза на првенството, а Кинезите ќе разигруваат за пласман од 17 до 32. 
 
Место во осминафиналната рунда по групи, обезбеди и Порторико со победата над  Тунис 67-64 приклучувајќи и се на Шпанија која го освои првото место. 
 
Од Б и Д групите, уште пред ова коло, пласман меѓу 16-те најдобри имаа обезбедено Аргентина, Русија, Србија и Италија.