Македонија
24. October 2019 - 15:55

ДОМ: Европските зелени со силна поддршка за европската интеграција на Македонија

Зелената партија ДОМ им се заблагодарува на европратениците од Европската зелена партија за поднесената иницијатива за дебата и усвојување Резолуција за историската грешка за неотворање преговори со С.Македонија и Албанија, во европскиот парламент.

Благодарност и до сите европратеници од останатите партии кои со своите дискусии и огромно мнозинство гласови за резолуцијата, дадоа силна поддршка за европската интеграција на нашата земја. Ко-претседавачот на Европските зелени и европратеник, Рајнхард Бутикофер, по усвојувањето на резолуцијата која содржи изразена критика кон Европскиот совет, изјави дека ова е уште еден пораз на Макрон во европскиот парламент.

“Неодговорната одлука на Европскиот совет да го одбие започнувањето на преговорите со С.Македонија и Албанија е навистина зачудувачка. Францускиот претседател Макрон носи особено тешка одговорност за оваа историска грешка со сериозни импликации. Зелените цврсто се залагаат за евроатлантската иднина на двете земји и ќе продолжат да се борат за фер партнерство со нив”-истакна Бутикофер.